Објавено на:

Вучиќ: Атмосферата за отворање поглавја за ЕУ не е многу добра

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел изјави дека атмосферата за отворање поглавја во Европската унија „не е многу добра“.

Вучиќ вели дека е свесен оти многу функционери во ЕУ не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека таа ќе биде разбране и дека Белград наскоро ќе може да го отвори Третиот кластер.

По разговорот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија, Вучиќ изјави дека е задоволен од средбата и дека на неа се разговарало за дијалогот со Приштина, зачувувањето на регионалниот мир, потребата од реформи во Србија и заминувањето на Вучиќ во Русија.

„Го завршивме Законот за јавни информации и добивме зелено светло од Европската комисија. Очекуваме позитивни мислења од ЕУ во врска со прифаќањето на препораките на ОДИХР во врска со изборните закони и изборниот процес, вклучително и регистарот на гласачи“, додаде српскиот претседател.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека во процесот на европска интеграција на Србија „топката е на нејзин терен“ и апелираше до српските власти да не губат време, да ги спроведат потребните реформи и да го искористат моментумот што постои во Унијата.

Коментирајќи го заминувањето на Вучиќ во Москва за да го прослави Денот на победата и покрај пораките од Брисел да не го стори тоа, тој рече дека српскиот претседател му објаснил дека отишол да одбележи настани од минатото.

„Не можеме да ја промениме историјата, јас целосно го разбирам тоа, дека Србија го слави ослободувањето, но не можеме да го славиме без да ја осудиме денешната инвазија на друга земја“, рече Кошта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…

Вучиќ рано утрово објави важна вест за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…

(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…

Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…

Вучиќ најави нови оставки во српската влада…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…