Објавено на:

Вучиќ бара смртна казна за злосторниците што ја убија малата Данка

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ писмено ќе предложи да се промени Кривичниот Законик на Србија и да се воведе смртна казна после убиството на малата Данка Илиќ.

Своевремено се залагав јавно и ја замолив владата на Србија да разговара со Советот на Европа и да види дали е можно повторно да ја воведеме смртната казна, а да не сносиме последици. Ако некое дело заслужува смртна казна, тогаш ова е тоа дело, изјави тој и додаде дека писмено ќе предложи повторно таква промена на Кривичниот Законик.

Според него, во ред е да има смртна казна кога работите се ,,очигледни” но рече и дека ги разбира противниците на оваа идеја, затоа што ако еднаш се направи грешка и се досуди смртна казна на некој што е невин, а за 30 години се докаже дека бил невин, тогаш тоа е многу поголем грев одошто да му се досуди некому пониска казна.

Пред да соопштам за смртта на Данка, знаевме дека детето е удрено со автомобил и уште неколку детали. Но не знаевме со сигурност. И тогаш Гашиќ ми соопшти и дознавме дека детето не починало од ударот на автомобилот туку подоцна. Ако тогаш кога го соопштував тоа, покажев емоција, секој со право ќе ви рече дека тоа е неумесно. Како да се чувствувате кога знаете дека невино детенце починало поради лудаци и психопати, праша Вучиќ.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…

Вучиќ најави нови оставки во српската влада…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…

Случајот добива пресврт? Тројца нови сведоци за…

Тројца нови сведоци ќе бидат сослушани на…

Се огласи таткото на исчезнатата Данка: „Злато…

На социјалната мрежа Фејсбук се огласи Милош…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…