Вучиќ: Берлускони ќе остане запаметен по храбрите политики
Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до владата и граѓаните на Италија за смртта на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
„Берлускони ќе остане запаметен по храбрите политики што му ја донесоа довербата на граѓаните долго време, но и по неговата единствена харизма. Изразувам сочувство до Претседателството на Советот на министри и до граѓаните на Италија, сигурен сум дека ќе го паметат како еден од најсилните лидери во поновата историја на земјата“, напиша Вучиќ на Твитер.

Берлускони почина денеска во болница во Милано на 87-годишна возраст, откако пред три дена беше префрлен во болница поради закажан преглед поврзан со хронична леукемија, од која боледуваше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…