Вучиќ бесен на Европските зелени: Олош сте, ќе одговарате пред законот на Србија!
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати жестоки критики кон Европската зелена партија, обвинувајќи ја дека стои зад насилствата на протестите во Нови Сад.
„Одете, уништете ги вашите земји. Не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте ни олош, полоши сте од тоа. Тоа е сè што имам да ви кажам. Дали се плашиме? Ни најмалку. Ја почитувам Урсула фон дер Лајен. Го почитувам Антонио Кошта. На ова ѓубре, олош, од Европската зелена партија, најлошиот олош во Европа што дојде во Нови Сад вчера за да го поддржи ова насилство, ќе бидат гонети во согласност со законите на Република Србија“, изјави Вучиќ.
Тој се осврна и на бројките од протестите, нагласувајќи дека низ цела Србија излегле помалку од 10.000 луѓе, додека најмногу имало во Нови Сад. „9.380 луѓе биле низ цела Србија на митинзи против владата, од кои 7.020 биле во Нови Сад, според бројките на Министерството за внатрешни работи. И насекаде беше мирно, без инциденти, освен во Нови Сад. Полицијата им дозволи да ги тепаат со пиротехнички средства, стапови и камења цели 12 минути. Дури тогаш полицијата реагираше“, рече Вучиќ. Претседателот предупреди дека ситуацијата во Нови Сад ескалирала и поради присуството на европратеници, кои, според него, сакале да ја нарушат стабилноста на Србија. „Некои се обидоа со фантомки и шлемови да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет, но не успеаја“, нагласи Вучиќ. Тој додаде дека српската полиција постапила строго професионално, но дека во инцидентите биле повредени 11 припадници на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ бесен на Европските зелени: Олош сте,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати жестоки критики…
Јакимовски: Старата општинска барака на Карпош стана…
Старата општинска барака на Карпош стана привремена…
Видео: Бујар Османи му дава прва помош…
Кандидатот за градоначалник на Чаир и поранешен…
Исчезнат кумановец најден на граничниот премин Табановце
Пронајден е педесет и двегодишниот кумановец кој…
Мециновиќ предупредува: Има план за приватизација на…
Има план за приватизација на јавното комунално…