Објавено на:

Вучиќ вели дека факултетите се претвориле во свињарници

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ, се обрати до нацијата по неколку дена масовни протести во земјата, кои кулминираа со судири со полицијата и напад врз институции во Ваљево.

Вучиќ изјави дека образованието е уништено и дека „факултетите се претворени во дувла и свињарници“. Обвини дека дел од студентите и професорите ја поддржуваат „деструкцијата“ и „лажно се претставуваат како борци против насилство“.

Вучиќ ги нарече дел од демонстрантите „преваранти и лажговци“ и порача дека делата што се случија во Ваљево и Нови Сад претставуваат класичен тероризам според српскиот Кривичен закон.
Тој предупреди дека „прашање на денови е кога некого ќе убијат“ и најави „изненадувачки одлуки“ на државата во следните три до четири дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ вели дека факултетите се претвориле во…

Српскиот претседател Александар Вучиќ, се обрати до…

По сечењето на шумата, Љубојно се поплави…

Силно невреме го поплави селото Љубојно каде дождот се…

Македонија му е „пример“ на Вучиќ кога…

Откако претседателот на Србија Александар Вучиќ најави…

Рубио: И Украина и Русија бараат работи…

Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски зборува денеска…