Вучиќ: Веќе никогаш, никаде и никому нема да дозволиме етничко чистење на српскиот народ!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија „никогаш, никаде и никому“ нема да дозволи етничко чистење на српскиот народ.
Вучиќ на настанот „Збор Краишника“ во Ковилово изјави дека бегалската колона од времето на хрватската акција Олуја, „никогаш повеќе не смее да им се повтори“ на Србите.
Никогаш нема да дозволиме брутално етничко чистење на нашиот народ, веќе никогаш, никаде и никому нема да дозволиме. Таа колона во која многумина од вас дојдоа во Србија никогаш повеќе не смее да ни се повтори, без разлика што и да некои прават против нашата земја, изјави Вучиќ.
Тој им се заблагодари на Србите од Краишник за, како што рече, бескрајната љубов кон Србија.
Од каде и да доаѓате, од Бенковац до Вуковар, од Босанска Краина, најудобно се чувствувате овде во Србија и тоа е сосема нормално. Наше е да видиме што друго можеме да направиме, а вие направивте многу за нас, не направивте попаметни и повнимателни да знаеме што се подготвува за нашиот народ и никогаш повеќе да не го дозволиме тоа“, рече претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…