Вучиќ во посета на Кина од 2 до 4 септември, најави средби со Си и со Путин

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Кина од 2 до 4 септември, каде што ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на покана на претседателот на таа држава, Си Џинпинг, објави Blic.rs

За време на посетата на Пекинг, претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, како и со други високи функционери на Народна Република Кина и претставници на големи компании, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

На 3 септември, претседателот Вучиќ ќе присуствува на голема воена парада по повод Денот на победата.
На парадата се поканети лидерите на 26 земји. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ во посета на Кина од 2…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети…

Славески: Инфлацијата во Македонија во наредните една…

За година-две инфлацијата ќе се врати на…

„Деца се под урнатините, нема кој да…

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на…

Скопјанец ја грабнал ќерката од поранешната партнерка…

Нешто по полноќ синоќа, 24-годишна жителка на…

Ким Џонг Ун со воз патува кон…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денес замина од Пјонгјанг…