Вучиќ ги помилува активистите на неговата партија кои скршија вилица на студентка!
Во одговор на барање од телевизијата Н1, Основниот суд во Нови Сад објави дека на 2 јули, Министерството за правда му доставило на овој суд одлука на претседателот на Република Србија за помилување, со која четворица обвинети активисти на Српската напредна партија, кои се товарат за напад врз студенти, вклучително и кршење на вилицата на студентка во ноќта меѓу 27 и 28 јануари, се ослободени од кривично гонење за неколку насилни кривични дела.
Според оваа одлука, К.С. (30) од Сремски Карловци е ослободен од кривично гонење за кривичните дела тешка телесна повреда и насилно однесување. Оваа одлука ги опфаќа и Р.Д. (22), Б.Н. (22) и Д.Н. (22) кои исто така се ослободени од кривична одговорност за слични кривични дела, вклучително и тешка телесна повреда и насилно однесување.
По оваа одлука, Кривичниот совет за претходна постапка на Основниот суд во Нови Сад денес донесе одлука со која се укина мерката забрана за напуштање на станот со електронски мониторинг за обвинетиот Д.Н. (22). Странките имаат право да поднесат жалба против оваа одлука до Вишиот суд во Нови Сад. Случајот, во согласност со претходно споменатото помилување, ќе биде препратен до вршителот на должноста судија за понатамошна постапка, изјавија тие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…