Вучиќ ги разочара Србите: БРИКС не е опција!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека во овој момент на Србија ѝ е потребен европски пат, а влезот во БРИКС во моментов не е можна опција, колку и да звучи примамливо за луѓето. Вучиќ ова го изјави во емисијата „Кирилица“ на ТВ Хепи, зборувајќи за разговорот што го имал со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Зајед за време на неговиот престој во Белград, при што првиот човек на таа заливска земја му открил на тој дека планира да се приклучи на БРИКС.
Вучиќ изјавил дека Бин Зајед го прашал колку години има неговиот помал син и во каква средина би сакал да живее. „За дваесет години, кога вашиот мал син ќе наполни дваесет и шест, размислете каде сакате да живее. Дали сакате да живее во Европа, која потоа ќе изнесува седум до осум проценти од светскиот БДП или да живее во некоја нова организација која ќе има 40 или 50 проценти од светскиот БДП“, рече Вучиќ. Тој додаде дека му објаснил на Бин Зајед дека БРИКС е исто така атрактивна опција за луѓето во Србија. Вучиќ објасни дека БРИКС, за разлика од ЕУ, нема заеднички тела, институции или валута и нема ист степен на единство како ЕУ. „Го слушав еден час после тоа. Пристапуваше со голем ентузијазам и извонредна амбиција. Знаејќи колку е мудар, сериозен, посветен, вреден и знаејќи дека ја има најдобрата интелигенција на светот, оттогаш секој ден размислувам за тоа, но во овој момент на Србија и треба европски пат, а патот кон БРИКС не ни е опција во моментов, тоа го кажувам отворено“, истакна Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…