Објавено на:

Вучиќ: Голем пакет мерки за поддршка на граѓаните од 1 септември

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави „голем пакет мерки“ од 1 септември за, како што изјави, „луѓето кои припаѓаат на пониската, средна класа и кои се малку посиромашни“.

„Ќе обрнеме посебно внимание и ќе започнеме со иницијативата за измена на Уставот на Србија, што се однесува на неможноста извршителите во извршна постапка да им го одземат просторот за живеење, станот или куќата на луѓето кои го имаат тоа единствено место каде што живеат со своето семејство. Ова ќе донесе повеќе правда и поголема безбедност за граѓаните“, рече Вучиќ во објава на Инстаграм.

Тој рече дека државата се обидува да ги зголеми платите и пензиите над стапката на инфлација.

„Ќе се погрижиме цените на најважните производи во продавниците да бидат пониски, ќе се погрижиме кредитите да бидат поевтини, каматните стапки да бидат пониски отколку што се денес“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Голем пакет мерки за поддршка на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави „голем…

До 15 септември сите службени возила ќе…

Сите државни институции и јавни правни лица…

Пред 4 месеци татко му го пријавил…

Вчера во 18.30 часот на Граничен премин…

Германската индустрија незадоволна од царинската спогодба меѓу…

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер…

СДСМ: Лицето што го споменуваат ВМРО-ДПМНЕ никогаш…

Додека државата буквално гори, додека македонските шуми,…