Вучиќ дециден: Србија нема да гласа за исклучување на Русија од ОН
Претседателот на Србија Александар Вучиќ за српските новинари во Њујорк изјави дека е речиси сигурен дека западните сили ќе се обидат да ја исклучат Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации, но нагласи дека за тоа е потребно двотретинско мнозинство.
„За тоа е потребно двотретинско мнозинство. Србија за тоа нема да гласа“, изјави Вучиќ.
Според него, такво гласање би било уривање на постоечкиот меѓународен поредок.
„За тоа им е потребно Кина да биде воздржана, или да не вложи вето“, објасни Вучиќ кој додаде дека:
„Тоа не е ни далеку, ни невозможно и на големо се разработуваат планови по тоа прашање. И за нас е тоа катастрофа, барем што се однесува на Косово и Метохија. Тешко време и големо бреме е пред нас“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…