Објавено на:

Вучиќ: Добив предупредување од руските служби за безбедност за подготовки за немири и државен удар

t

Претседателот Александар Вучиќ вечерва потврди дека од Руската Федерација пристигнало предупредување за подготовки за немири и државен удар во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Денеска добивме официјални информации од Руската Федерација, информации пренесени и донесени преку официјални канали. Да, ја добивме таа информација и се занимаваме со неа. Одговорна е БИА, луѓето специјализирани за ова во Владата на Србија и на сите други места си ја вршат својата работа, рече српскиот претседател одговарајќи на новинарско прашање дали добил предупредување од руските безбедносни служби дека во Србија се подготвуваат масовни немири со цел државен удар.

Тој порача и дека граѓаните треба да бидат безгрижни.

Оние кои сонуваат дека нешто ќе направат насила, рече Вучиќ, нема, затоа што Србија неуморно оди напред.

-Не можат да ја сопрат. И нема да ја спречат и никој никогаш нема да ја спречи. Тоа е мојата порака до сите, луѓето не треба да се грижат. Утре можат мирно да ги гледаат нашите кошаркари (натпревар на Олимпијадата) дома, рече тој.

На највисоките претставници на српската влада, специјалните служби на Руската Федерација преку официјални канали им дале информации за подготовка на масовни немири и обид за државен удар и ликвидација на претседателот Александар Вучиќ и највисоките државни функционери, соопштија претходно денеска српските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…