Објавено на:

Вучиќ: Драго ми е што ЕП не прифати прекин на преговорите на Србија со ЕУ

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека е задоволен што Европскиот парламент (ЕП) не го прифатил предлогот за прекин на пристапните преговори со Србија поради ставот за војната во Украина, но и да официјален Белград ќе продолжи да се однесува во согласност со интересите на државата, јави дописникот на МИА од Белград.

„Имаше обиди на некои членови на ЕП да се изгласа прекин на преговорите со Србија. Драго ни е што тоа не беше изгласано, затоа што ќе беше погрешно, и благодарност до мнозинството во ЕП што тоа не го прифати… Но, еднаш реков – секој да си ја работи својата работа. Ако мислат дека некого треба да молиме за нешто – нема“, изјави Вучиќ на новинарите во Ивањица.

Тој кажа дека е многу важно Србија да е на европскиот пат, но и дека е важно да има слобода и право да размислува за своите интереси.

Вучиќ рече дека му е се потешко да разговара со многу луѓе на светската политичка сцена бидејќи многумина од нив веруваат дека се во војна и дека нема разговори ниту за некои очигледни работи.

Претседателот на Србија ги демантираше пишувањата на медиумите дека била договорена негова средба со премиерот на Косово Албин Курти во Брисел, иако додаде дека Србија не бега од дијалог, бидејќи сака мир и развој, а не конфликти.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…

(Видео) СНС на Вучиќ прогласи победа на…

Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните…

Вучиќ по затворање на гласачките места: Резултатите…

Претседателот Александар Вучиќ вечерва кратко зборуваше пред…

Вучиќ на завршниот предизборен собир на СНС…

Во Србија на полноќ започнува предизборен молк,…