Вучиќ: Засега нема можност за воведување санкции за Русија
Вучиќ од Давос: Засега нема можност Србија да воведе санкции кон Русија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Давос изјави дека засега нема можност Србија да воведе санкции кон Русија и оти верува дека ќе има коректен и добар разговор со руската страна и дека Србија ќе добие фер цена за гас.
Главна тема на собирот во Давос беше Украина, а на прашањето дали на средбите со светските лидери забележал дека е критикуван за добрите односи меѓу Србија и Русија, Вучиќ рече дека сите му замеруваат.
Зборувајќи за тоа што барале од него, Вучиќ вели дека знаат дека не е така лесно.
„Тие кажуваат која е нивната идеја и што очекуваат, а што ќе бараат, тоа е… Како можат да дојдат и да кажат „ајде да воведеме санкции или убаво да излеземе“. Како можат да го побараат тоа? Не функционира така. Тоа беше можно додека Србија не беше држава“, вели Вучиќ.
На прашањето дали постои можност Србија да воведе санкции кон Русија, Вучиќ рече дека засега нема таква можност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…