Вучиќ: За железничката несреќа обвинителството поднесе 13 обвиненија, исто колку што поднесе Турција за 80 загинати во еден пожар
„Воопшто не се плашам од политичките реперкусии, но оваа ситуација никому во општеството не му одговара“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање со српскиот премиер Милош Вучевиќ и со претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, објавија српските медиуми.
Вучиќ потсети дека поминаа 90 дена од „страшната трагедија во Нови Сад“.
„Трагедиите се нешто што секоја држава се обидува да ги избегне, делува превентивно, а кога ќе се случат, таа се обидува да извлече поуки од тие трагедии и ги бара оние што извршиле злосторства на одговорност и ги казнува соодветно“, рече тој,
Против одговорните лица, како што истакна, Обвинителството поднело 13 обвиненија, „исто колку што поднесе Турција за 80 загинати во еден пожар“.
„Во тие три месеци слушнавме разни обвинувања кон државните органи, слушнавме повици за рушење на државата, слушнавме многу неодговорни изјави не само од опозицијата, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека ваквата состојба во општеството никому не му одговара, додавајќи дека „воопшто не се плаши од политичките реперкусии“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…