Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на сите во лице им кажал што нема да исполни од Охридскиот договор.
По повод одлуката на Приштина за укинување на динарот на Косово, Вучиќ рече дека луѓето во јужната српска покраина мора да добијат плати и повтори дека Србија не може да исполни дел од договорот во однос на прифаќањето на Косово во меѓународните институции.


„Чекаме покана некој да оди во Брисел, но не знаеме за што да разговараме, бидејќи Курти нема да зборува за Заедницата на српските општини, тој го чува динарот и нема суспензија, го има прикриена поддршка на одредени фактори на моќ, а нешто мора да се реши во деновите пред нас, затоа што Србите на Косово и Метохија треба да си ги земат платите“, нагласи претседателот на Србија.

Тој рече дека „мораме да ги заштитиме нашите огништа и нашата земја во согласност со Уставот на Република Србија“.
Тој напомена дека денеска со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел разговарал за Србија, агендата за раст на Косово.
„Секогаш ќе бидам на страната на прогонетите Срби. Дали јас сум виновен за тоа? Мислам дека Европа мора да ги погледне своите стратешки интереси и да и понуди нешто на Србија“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека Мишел рекол дека се бара одлука за укинување на динарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…