Вучиќ за пратката за Курти: „Згрозен сум од дроновите, Ердоган сака да ја обнови империјата“
Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува за оживување на Отоманската империја, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ откако беше обзнаено дека Турција му испорача модерни дронови на Косово.
– Згрозен сум од однесувањето на Турција и грубото кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, како и од континуираното вооружување на властите во Приштина – вели срспкиот лидер.
Според Вучиќ, Србија е мала земја, но „ние добро ја разбравме пораката“.
Белград ја протолкува испораката на дронови за Косово како „грубо мешање во регионалната безбедност“ и како предизборна поддршка за косовскиот премиер Албин Курти, кој, пак, триумфално објави дека Косово сега располага со илјадници беспилотни летала.
Какви дронови му испорача Турција на Косово? Според објавите во медиумите и снимките на социјалните мрежи, се работи за новите „Skydagger“, но и претходно набавените TB2 „Bayraktar“ и американските „Puma“. Косовскиот премиер тврди дека повеќе единици веќе се обучени да ги користат новите дронови и најави „понатамошно зајакнување на ударната моќ на армијата“.
Меѓутоа, Белград тврди дека потегот е директно насочен против Србија. Според Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, испораката на дроновите три месеци пред планираниот рок „не е случајна“, туку „јасен сигнал во корист на Курти пред изборите на 12 октомври“.
Во јавноста во Србија веќе кружат најави дека земјата, преку законски измени, може да воведе задолжителен воен рок од 2026 година како дел од стратегијата за зајакнување на одбранбените капацитети.
Курти објави фото од турски беспилотни летала што пристигнаа во Приштина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ за пратката за Курти: „Згрозен сум…
Сега е сосема јасно дека Турција не…
Од 1 јануари Србија ќе воведе национален…
– Компаниите во Србија што произведуваат цемент,…
Србите и Унгарците одржаа заедничка воена вежба
Србија и Унгарија одржаа заедничка воена вежба…
Дојави за бомби во 807 основни и…
Во речиси сите градови во Србија, денес…
Нова кинеска компанија инвестира во Србија
Кинеската компанија Техрон ја отвора својата прва…