Вучиќ: За санкции кон Русија ќе ги прашам народот и парламентот, а и јас ќе се прашам!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес конференција во Тирана изјави дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан најмногу се зборувало за енергетиката и за воведување санкции против Русија, а Србија е единствената земја во регионот која ги нема воведено. Во официјалната декларација на Самитот се најде и таа точка, а Вучиќ рече дека не е природно Србија да учествува во таа политика поради штетата што ќе ја претрпи од нејзиното воведување, јави дописникот на МИА од Белград.
-Реков дека имаме свој став, но дека добро ја разбравме пораката на ЕУ, многу добро јас ја разбрав и преку дискусијата на осум или девет претставници на ЕУ денес, рече тој, додавајќи дека директно одговарал на прашањата на претставниците на ЕУ и оти за тоа тие не одлучуваат.
-Ќе ги прашам луѓето во Србија, парламентот во Србија и владата на Србија, а помалку ќе се прашам и јас, рече тој.
На прашањето дали стои зад усвоената декларација од Самитот, Вучиќ одговори дека „не може ниту да седи ниту да стои зад декларацијата бидејќи не ја напишал”.
-Но, немам против да ги напишат фактите дека ние не воведовме санкции. Можам да се налутам кога ќе кажат нешто за Косово и Метохија што не е факт, но сакал или не, тоа е факт. Што јас одговорив, не можам да детализирам, но реков дека овој однос кон санкциите е однос кон нас Србите, рече тој.
Одговарајќи на прес конференцијата за денешните случувања на северно Косово, Вучиќ рече дека само се прашува кој ден ќе се случи некоја нова провокација на северот на Косово и дека е добро што според досегашните информации нема жртви во немирите кои избувнаа поради влезот на албанските изборни комисии придружени од косовската полиција во општинските простории во Зубин Поток, Северна Митровица и Лепосавиќ.
-За жал, поради нивните одлуки и непочитување на Бриселскиот договор, денеска повторно испратија полиција на северот спротивно на се што беше договорено. Како што кажав вчера и пред неколку дена, само се прашувате кога некоја нова провокација ќе се случи , изјави Вучиќ.
Тој рече дека пред нас не е лесен и едноставен период. „Не знам што ги тера овие луѓе. Не разбирам зошто сакаат да предизвикуваат тензии секоја недела”, рече тој и додаде дека е важно да се обидеме да се договориме со албанците за сè она што може да придонесе за постигнување и одржување на мирот.
Вучиќ рече дека во француско-германскиот предлог кој е изменет, не е постигнат напредок во она што е важно за белградската страна.
-Подготвени сме да разговараме, ништо однапред не отфрламе, освен што недвосмислено јасно ставивме до знаење кои се нашите црвени линии, и што не сме подготвени да прифатиме, рече тој и додаде дека не е проблем да се сретне со Курти, но дека е проблем може ли да се дојде до некакво решение.
Тој рече дека не може да каже дека е 100 отсто за или 100 отсто против предлогот на Франција, Германија и ЕУ за нормализација на односите со Косово. „Нема сомнеж дека ќе треба да работиме многу напорно во иднина за да постигнеме компромис. Вистинскиот проблем не е кога ќе се сретнеме со Курти, бидејќи ќе се сретнеме секогаш кога ЕУ ќе
предложи, вистинскиот проблем е каква може да биде содржината компромисното решение, рече Вучиќ.
Тој порача дека верува оти специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе одигра важна улога во смирувањето на тензиите на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…