Објавено на:

Вучиќ за Си-Ен-Ен: Го осудувам убиството на косовскиот полицаец

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија е последната земја на која ѝ се потребни инциденти како оние во Бањска.

Во интервјуто за Си-Ен-Ен, кое го направи новинарот Кристијан Аманпур, кој се прослави со известувањето од боиштата на поранешна Југославија, тој рече дека секој може да види дека Србија е конструктивен партнер, а дека другата страна не прави ништо.

„Тие вршат етничко чистење, во последните две години бројот на Срби на КиМ е намален – сега има десет проценти помалку“, рече тој.

На прашањето за собирот на војската на Србија кај административните премини со Република Косово, тој рече дека не се точни извештаите кои стигнале до Белата куќа за настаните во Бањска.

„Според Договорот од 2001 година, имаме право да ја користиме територијата во безбедносната зона. Пред неколку дена имавме помалку од 8.400, денес имаме 4.400 луѓе во таа зона, што е нормално. Секогаш сме ги слушале нашите партнери за деескалација на ситуацијата. Не ни требаат војни, сакаме поголемо присуство на КФОР, особено на северот на Косово“, рече Вучиќ.

Според него, српската армија ја следи ситуацијата на терен и на најкорисен начин ги придвижила своите сили, пренесува Танјуг.

„Морате да знаете дека немам потпишано ниту повисоко ниво на воена готовност. Србија е последната земја на која и се потребни тие инциденти“, рече тој.

На прашањето дали ќе го предаде Милан Радоичиќ, Вучиќ рече дека Србија ќе бара одговорност од сите луѓе кои извршиле криминални дејствија. Тој е достапен, тој е на наша територија и ќе направиме што е потребно“, рече тој.

Тој додаде дека зборува за коренот на проблемот, а тоа е дека Србите сакале да се заштитат.

„Јас не го бранам, туку го осудувам убиството на полицаецот, но Србите беа уапсени без обвинение, избркани од нивните куќи, ЗСО не е формирана од 2013 година, албанскиот режим не сака да го спроведе“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…