Вучиќ: Зошто Рама не проповедаше кога албански терористи убија осум полицајци во Куманово пред осум години?!

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ и денеска, во гостување во Радио телевизија Србија, ја зема Македонија како негативен пример, овојпат спомнувајќи го трагичниот настан од Куманово, односно “Диво насеље”.

– Ќе ви покажам како изгледа лицемерието кога некој ќе ви проповеда за европските вредности, иако ние се придржуваме до нив. Ќе ве потсетам што се случи пред 8 години во Куманово, кога албанските терористи, вистински терористи ја нападнаа меѓународно признатата суверена држава Македонија, земја членка на ОН, многу важен детал. Загинаа дури осуммина македонски полицајци. Што се случи? Тогаш ниту Рама, ниту некој од ЕУ не ни одржа проповеди – рече Вучиќ и покажа слики од „државниот погреб во Приштина“ во 2015 година, во униформи на ОВК.

– Присутен беше Иса Мустафа, кој преговараше со мене. Тоа е комеморација на сите убиени Албанци во Куманово. Полна сала, се организирано. И никому ништо. И тоа не е крајот.

Тој покажа слика од споменикот на Бег Ризај.

– Ова е Бег Ризај, еден од убиените терористи, а ова е споменикот што му е поставен во познатото Дечани. Рамуш Харадинај го посети споменикот и положи свеќи. Толку од нивните принципи, европската иднина и се останато.

Како што вели, поодвратно е тоа што се случи во српската јавност.

-Прво рекоа дека треба да имаме ден на жалост, „но владата не смее да го прави тоа бидејќи мора да слуша некого однадвор“. Кога власта тоа го правеше цивилизирано, одмерено, сериозно и одговорно, тогаш рекоа „кој сме ние крив“. Ако не жалите за никого, ние имаме за кого да жалиме – рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…