Вучиќ и Курти на нова рунда дијалог во Брисел следната недела
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе се сретнат на 26 јуни во Брисел за да развијат нова рунда дијалог за нормализација на односите со посредство на Европската унија, пренесува РСЕ.
Според РСЕ, средбата ја потврдил и портпаролот на ЕУ Петер Стано.
На оваа средба на високо ниво ќе посредува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Одржувањето на нова рунда дијалог беше договорено за време на овонеделните посети на Косово и Србија од страна на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) Филипче: Ќе иницирам средба на…
Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се…
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Комеморација во Брисел за жртвите од пожарот…
Вечерва во Брисел се одржа комеморација за…