Вучиќ и Мицотакис со фотографија од пред гол испратија порака за „соработка на братските народи“

t

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и српскиот претседател Александар Вучиќ на своите профили на Инстаграм ја најавија заедничката средба во Белград на која во фокусот е економската соработка меѓу Грција и Србија.

„Мило ми е што сум со мојот пријател Александар и многу му благодарам за гостопримството. Сигурен сум дека вечерва и утре ќе постигнеме многу голови во нашите билатерални односи и во нашата соработка“, напиша Кирјакос Мицотакис во описот на фотографијата, фотографирана пред гол.

„Овој гол зад мене и премиерот Мицотакис го купи татко ми за малиот Вукан (с.с. шестгодишниот син на премиерот на Србија). Јас и Кирјакос само се сликавме со топката. Среќен сум што можам да го угостам големиот пријател на Србија, горд сум и на нашиот личен однос, верувам дека вечерва и утре ќе постигнеме големи резултати во унапредувањето на соработката на братските народи, српскиот и грчкиот“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Средбата на грчкиот премиер со претседателот на Србија ќе се одржи денеска претпладне. Следуваат проширени разговори на делегациите на двете земји, а потоа двајцата лидери ќе дадат изјави за новинарите.

Во 12:00 часот Кирјакос Мицотакис ќе присуствува и ќе зборува на грчко-српскиот бизнис форум во организација на Стопанската комора на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…