Вучиќ кон американските сенатори: “Отворен Балкан” е пример за регионална соработка
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со американските сенатори од Одборот за надворешни работи, Крис Марфи и Џин Шејхин, како и со сенаторот од Одборот за вооружени сили, Том Тилис, со кои разговараше за билатералната соработка, европската интеграција на Србија, ситуацијата во регионот, енергетиката и кризата во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.
Зборувајќи за ситуацијата во регионот, претседателот Вучиќ истакна дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и на Република Српска во рамките на БиХ. Тој додаде дека за Србија е од клучен интерес да ја зачува стабилноста во регионот и да ја зајакне соработката во сите области, особено во областа на економијата, бидејќи само таков регион овозможува одржлив развој на самата Србија. Во таа насока, претседателот Вучиќ како пример за успешна регионална соработка ја наведе Иницијативата „Отворен Балкан“ која има за цел натамошен развој на регионот и подигање на животниот стандард на сите негови граѓани, се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател.
Во него се додава дека „по повод кризата во Украина, претседателот Вучиќ ја истакна посветеноста на Србија за почитување на принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и политичката независност на државите, за што сведочи гласањето на Република Србија во Генералното собрание на ОН и другите меѓународни тела“.
За време на разговорите со американските сенатори, претседателот Вучиќ се заблагодари на Вашингтон за континуираната поддршка на патот на Србија кон полноправно членство во ЕУ.
Тоа е една од нашите приоритетни надворешнополитички цели и стратешка определба на Србија, изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…
Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…
Комитетот за системско работење на Европската мрежа…
Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…
Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…