Вучиќ: Косово е и ќе биде дел од Србија

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Косово е дел од Србија и така ќе остане, пренесуваат српските медиуми.


Вучиќ истакна дека секогаш се занимавал со тешки теми, со кои никој не сака да се занимава.
– „Сите сакаат да кажат „Косово е срцето на Србија“, но ако можат да се извлечат од западните притисоци, никогаш да не треба да одговараат пред нив, да ја ставаат главата во торба, „Вучиќ ќе го реши“. И тоа го повторувам секој пат и сакам да го повторам пред вас. „Косово е дел од Република Србија, запишано во Уставот на Република Србија, тоа било и ќе биде“, рече Вучиќ.


„За разлика од оние кои би биле херои жртвувајќи ги вашите деца, јас ќе ги заштитам вашите деца, ќе ги штитам животите на вашите деца и ќе го заштитам нашето Косово и Метохија“, рече Вучиќ на предизборниот собир на прогресивците во Лесковац.

Темата за Косово стана една од главните теми во предизборната кампања која започна пред неколку денови во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…