Објавено на:

Вучиќ: Курти сака да биде Зеленски, го преминавме Рубикон

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со настаните во Косово изјави дека државата е на крстопат, дали ќе продолжи да има мир или не.


„Има еден човек на Балканот кој по секоја цена сака да предизвика војна. Секогаш се трудев да ја барам можноста за компромиси кај нас. Го минавме Рубикон. Се плашам дека ќе биде многу тешко да се вратиме во нормала“, изјави Вучиќ за РТС, коментирајќи ги денешните настани во Косово.


Вучиќ изјави дека враќањето во нормала ќе биде тешко, а Србија ќе даде се од себе тоа да се случи.


„Тој не може да забрани увоз на српска стока според прописите што постојат денес, тоа не можат да го прават според ЦЕФТА. Сакаат да го изгладнуваат народот на северот на Косово, да го остават без леб, млеко и се останато. Овие луѓе најголем дел од печивата ги добиваат од Рашка. Ова ја покажува намерата на Приштина засекогаш да ги протера Србите од Косово и Метохија“, рече претседателот на Србија.


„Добив гаранции од НАТО дека народот на Косово нема да биде уапсен“

Тој вели дека сака да разговара со претставниците на КФОР.

-Со нив разговарам за фактите. Нема потреба да слушам филозофски глупости за Енвер Хоџа, Маркс… Зборуваме за луѓе кои денес ги апсат затоа што не испукале куршум. Курти фантазира да биде Зеленски, бидејќи нема воена биографија и би сакал да има. Би сакал да го избегнам тоа и сакам да го зачувам мирот – изјави Вучиќ.


Вучиќ потсети дека Србите од почетокот на годината неколку пати биле нападнати и апсени.
Тој рече дека денеска на претставниците на Квинта им покажал документи дека добил гаранции од НАТО дека луѓето во Косово нема да бидат уапсени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…

Вучиќ рано утрово објави важна вест за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…

(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…

Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…

Вучиќ најави нови оставки во српската влада…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…