Вучиќ: Македонското сценарио во Србија нема да се случи

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги поврзува поранешните настани од Македонија од 2016 година со сегашните случувања во Грузија, но и потенцира дека такво сценарио нема да се случи во неговата земја.

Вучиќ во изјава за српските медиуми информирал дека видел видеа од Грузија, како 7-годишно дете фрла предмети кон тамошната полиција.

„Кој го објави тоа, каде се неговите родители? Прво го објавија западните медиуми, оние кои ги поддржуваат демонстрациите во Грузија, а потоа и каналите на Телеграм. Зошто некој се фали со учество на 7-годишно момче? Мислите дека е генијално што ги обоија бекатон плочите со црвена боја, кои нема да можат целосно да се исчистат? Дали мислите дека тоа беше нивна идеја? Најдете снимки од 2016 година, истото сценарио (се случуваше) во С.Македонија. Токму на ист начин го бојадисаа и главниот плоштад во Скопје. Шефот и спонзорот секогаш се исти, а жртви беа народите врз кои спроведуваа обоени револуции. Тоа нема да се случи во Србија, бидете сигурни“, изјавил Вучиќ.

Шарената револуција во Македонија беше протестно движење кое започна како резултат на одлуката на тогашниот претседател Ѓорге Иванов да прогласи аболиција за сите осомничени и обвинети политичари во истрагата за незаконското прислушкување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…