Вучиќ му посака среќен пат: Курти може сам да оди во Брисел кога сака
Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер Албин Курти кој рече дека нема да оди во Брисел само за да разговара за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, односно меѓусебно признавање, порача дека Курти може да во Брисел кога сака и како сака тоа е негов проблем, објави Пинк.рс.
„Океј. Може да оди во Брисел кога сака, и како сака, негов проблем. Дали кажа дека што се однесува до него прашањето за статусот е завршено? И што се однесува до мене прашањето за статусот е завршено, во согласност со Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност“, порача српскиот претседател кој додаде: „Му посакува среќен пат во Брисел“.
Курти за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека не би одел во Брисел за да преговара за прашањето за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, кој, како што кажа, мора да биде постигнат пред пролетта 2023.
Тој истакна дека не е инает туку е принципиелен.
„Постојат принципи и вредности до кои се придржувам. Не одиме во Брисел да преговараме за полицајци, обвинители, цариници и раководители на матични служби. Ние сме таму како претставници на две земји кои преговараат за нормализација на односите. Тоа е дијалог за начелен договор, а не само за дијалог за управување со кризи. Не ни треба дијалог заради дијалог или да покажеме дека Брисел е активен. Јас не би одел во Брисел само да беше за регистарските таблички. Ќе одам во Брисел за да склучам сеопфатен договор. Сепак, господинот Борел инсистираше само да ја потпишеме изјавата за регистарските таблички, ова беше главното недоразбирање што го имав со него“, рече Курти.
Курти изјави и дека договорот за регистарските таблички е постигнат не само за деескалација на тензичната ситуација меѓу Косово и Србија, туку и за почеток на преговори за конечен договор.
Тој рече дека договорот мора да биде постигнат пред пролетта 2023 година.
„Ова го направивме не само за деескалација, туку и за да создадеме можност за брз почеток на преговорите за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Тие мора да бидат завршени пред пролетта 2023 година. Тоа беше вистинската цел на компромисот“, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…