Вучиќ му се пожали на Додик за „странски служби“, ги обвини студентите дека се платеници

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Бања Лука, Босна и Херцеговина, тврдеше дека студентските протести во неговата земја се резултат на заговор поттикнат од странство, а лидерот на босанските Срби Милорад Додик му даде безусловна поддршка, обвинувајќи ги студентите дека „ја ослабуваат Србија“, пренесоа регионалните медиуми.
Додик и Вучиќ организираа свечена академија во Бања Лука со цел заеднички да го одбележат Денот на српската државност, кој во Република Српска го прогласија за ден на својата државност, а таква одлука беше содржана и во декларацијата на т.н. „сесрпски собор“ одржан лани во јуни.
Собирот во Бања Лука беше организиран и како доказ дека оваа декларација се спроведува, а посетата на Вучиќ беше негово прво патување во странство откако започнаа масовните студентски протести против неговата влада во Србија, поттикнати од трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешница на железничката станица, при што загинаа 15 луѓе.
Во говорот за време на церемонијата во Бања Лука, Вучиќ тврдеше дека тој и неговата влада постојано подаваат рака за соработка, дека на никаков начин не ја загрозуваат БиХ и ги почитуваат нејзините жртви, но не добиваат ништо за возврат.
Тој рече дека Србија сака само мир и стабилност, а БиХ е виновна затоа што наводно постојано се занимава со тоа кој ќе биде на власт во Белград. Тој рече дека изминатите 100 дена му биле многу тешки, иако не се плаши од можно губење на власта, но индиректно ги обвини студентите кои протестираат дека се „странски платеници“.
-Не можевме да поверуваме колку пари се дадени однадвор за да се смени власта во Србија, рече Вучиќ, заблагодарувајќи му се на Додик што „не ѝ го свртел грбот на Србија“ за разлика од другите познаници на кои се жалеше, велејќи дека од почетокот на протестите сè помалку контактираат со него.
Додик е меѓу ретките политичари кои додека траат протестите во Србија му изразија безусловна поддршка на Вучиќ, а тој ги осудува студентите обвинувајќи ги денеска дека ја ослабуваат Србија, наводно со поддршка на Англичаните, кои ги прогласи за најголеми непријатели на Србија.
Во својот говор, Додик му посака добредојде на Вучиќ во „државата на српскиот народ во РС“, велејќи дека е нормално тој ентитет и Србија да имаат ист ден на државност и истакна дека сите босански Срби го поддржуваат Вучиќ затоа што тој им ветил дека никогаш повеќе нема да бидат прогонувани во „какви било нови бури“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентското собрание при УКИМ се извини за…
Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…
Ден на жалост ќе биде прогласен и…
Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина…
Aлбанскиот вод на ЕУФОР во БиХ спроведe…
Албанскиот вод на мултинационалниот баталјон на ЕУФОР…
Факели, овации и огномет за студентите: Пристигнаа…
Граѓаните се собраа во центарот на српскиот…
ЕУ повикува на смиреност: Политичарите во БиХ…
Шефот на Делегацијата на Европската унија во…