Објавено на:

Вучиќ најави помилување за девојката што удри студентка со автомобил во Нов Белград

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека ќе ја аболира од понатамошното кривично гонење, 25-годишната девојка која со својот автомобил се залета во толпата што протестираше во Белград, во јануари.

Автомобилот влета во толпата и ја носеше девојката на хауба неколку метри, која потоа падна на асфалтот. 25-годишната девојка е осомничена за обид за убиство во врска со овој инцидент.

Сепак, Вучиќ во телефонско интервју за телевизијата „Информер“ најави дека ќе ја помилува девојката доколку таа односно нејзиното семејство се согласат со тоа, пренесува Нова.рс.

„За мене е ужасно што како претседател кој до пред неколку недели не издаде ниту едно помилување за девет години, сега морам да ја исправам неправдата што ја нанесоа обвинителите и судовите. Ќе продолжам да го правам тоа бидејќи неправдата е толку очигледна што ќе морам да ги заштитам слабите, прогонуваните и жртвите на нивните секојдневни напади“, рече тој.

Тој оцени дека одредени носители на судски функции во Србија „ги воведоа неправдата и лошото постапување како највисоки принципи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ најави помилување за девојката што удри…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека…

Толку огласи за вработувања пред избори немало…

Во пресрет на есенските локални избори во…

Обвинителката во случаите Диди и Епштајн доби…

Министерството за правда на САД ја отпушти…

Тони Михајловски: На Груевски до глужд не…

Актерот Тони Михајловски кој е гостин во…

Трамп за републиканците кои не се согласуваат…

Американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму е…