Вучиќ најави предвремени избори?!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, одговарајќи на барањата на опозицијата, изјави дека изборите ќе се одржат најдоцна во септември. Тој рече дека на 26 мај, кога Српската напредна странка го најави собирот, за се ќе го информира народот.
„Ништо, не е проблем, дали сте за избори? На 26 мај го информирам народот, одиме на избори. Тоа значи дека одиме на избори најдоцна во септември. Само нема вие да бирате кои избори бидејќи ова не е фонтана на желби, а државата не е играчка, а за се останато, ако сакате да разговараме, спремни сме“, рече Вучиќ обраќајќи им се на претставниците на опозицијата.
Тој додаде дека за неколку дена повеќе нема да биде претседател на политичката партија. Тој рече и дека не му паѓа на памет да го менува министерот за полиција, Братислав Гашиќ, чија оставка е едно од барањата на опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…