Вучиќ најавува големи промени во обвинителството и судството
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави „големи промени“ во обвинителскиот и судскиот систем на Србија и нагласи дека „доаѓа време на одговорност“.
„Се плашам дека се движиме кон целосен хаос во кој никој нема да знае што се случува и како се случува и кој што прави, затоа е важно за нас да ја зачуваме стабилноста“, изјави Вучиќ.
По повод 100-те дена од Владата на Србија, чиј премиер е Ѓуро Мацут, тој рече дека очекува „поголем напор и ангажман“ од одредени министри.
„Владата не работеше во лесно време, верувам дека има работи што можат да ги направат уште посилно и уште подобро, тоа беше тешко време во кое можеа да ги покажат своите способности“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ најавува големи промени во обвинителството и…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави „големи…
Мајката очајно бара помош да се пронајде…
Верица Бабарчиќ Лазова од Градско на социјалните…
(Видео) Лидерот на СНС во Охрид се…
Лидерот на Српската напредна странка (СНС) и…
(Видео) Има родители кои децата си ги…
Во Кочани дене е се одржи шеснаесеттиот…
Царина остана без струја
Почитувани, Ве известуваме дека поради технички дефект…