Вучиќ на завршниот предизборен собир на СНС во Крагуевац вети победа и одговорна и чесна влада

t

Во Србија на полноќ започнува предизборен молк, а вечерва владеачката Српска напредна странка (СНС) и коалцијата „Србија не смее да застане“ во Крагуевац одржа завршен предизборен собир, на кој претседателот на Србија вети победа на изборите и одговорна и чесна влада, јави дописникот на МИА од Белград.

-Очекувам да ги победиме. Да ги победиме и да обезбедиме апсолутно мнозинство во српскиот Парламент. Повеќе од 125 мандати, за Србија да има мир и стабилност и да знае по кој пат ќе оди. Затоа ве замолувам да сеангаќирате и да ги победиме поубедливо од било кога. Со апсолутно мнозинство. Со другите не сме задоволни, рече Вучиќ.

Тој порача дека опозицијата знае дека ќе изгуби на изборите во недела и веќе подготвува планови за тоа и им порача дека власта во Србија може да се освои само со волјата на народот.

-Ќе кажам нешто за нивните планови. Знаат дека Србија ќе победи во недела, што значи дека ќе останат без власт уште четири години. Тие тоа добро го знаат и затоа ги подготвија своите планови, кои се всушност планови против Србија, изјави Вучиќ.

Тој ги повика граѓаните да гласаат на изборите на 17 декември и зошто „Србија има одлична можност да постигне најголем (економски) раст во историјата во следните четири години“.

Поранешниот претседател на Србија и СНС, Томислав Николиќ изјави дека на Србија и го посакува само најдоброто, што според него не е можно без изборна победа на коалицијата околу СНС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…