Вучиќ на седница на српската влада: Решение за НИС мора да има за седум денови

t

Србија пред голема одлука..Ќе успее ли навреме да ја продаде нафтената индустрија или ќе го следи примерот на неколку соседни земји и ќе ја национализира компанијата…Земјата веќе доби јасна порака од САД дека во следните три месеци руската сопственост на НИС мора трајно да се промени … Александар Вучиќ пак бара решение за Нафтената Индустрија на Србија да има за седум дена…Од американски пресдтавници добил и предупредување дека и банкарскиот сектор во земјата ќе биде загрозен доколку за една недела проблемот не биде надминат..

„До следната недела треба да донесеме одлука и да имаме решение за НИС, се надевам дека азиските и европските партнери со кои разговараат руските претставници ќе прифатат да преговараат за сопственоста. Одлуката за НИС мора да се донесе во следните седум дена, рафинеријата мора да работи и НИС мора да работи, сакам да ги исцрпам сите можности до крајни граници. Во случај Русија да не успее да се договори со партнерите во однос на цената, Србија ќе понуди подобра цена за рускиот дел од НИС бидејќи не сакам да дојде до конфискација и одземање на нечив имот. “

Министерот за финансиии пак вели дека Србија веќе нема избор кога станува збор за нафтената индустрија и ја обвини руската страна дека не соработува за надминување на проблемот…

Синиша Мали – Министер за финансии за Србија

„Ситуацијата со НИС ни го загрозува растот, кредитен рејтинг… Оваа ситуација ја загрозува перспективата, доаѓањето на нови инвеститори. ..Знам дека српскиот претседател Александар Вучиќ го знае ова, но без оглед на неговите морални размислувања, ние мора да размислуваме за себе. Знам дека многумина размислуваат исто како мене, но не знам зошто не го кажуваат тоа. ..Руската страна не не удостои да понудат да бараат решение заедно со нас. Мора да размислуваме за себе, дојде последниот момент.“

Од српската влада најавија дека секој ден ќе имаат седници бидејќи како што велат, земјата се наоѓа во криза од прв степен..Можно е наскоро во законодавниот дом да се најде и ребаланс на буџетот за да се обезбедат пари за купување на гориво..Дека состојбата е сериозна предупреди и српската министерка за енергетика…Понуди и оставка додколку за брзо време не се реши проблемот…

Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ – Министерката за рударство и енергетика

„Мора да ги зачуваме нашите резерви. Водењето на енергетскиот сектор во услови кога има санкции против НИС е речиси невозможно, и како министер сум подготвен да поднесам оставка. Без рафинеријата во Панчево, немаме живот, немаме повеќе време, можеме да чекаме уште три или четири дена, не повеќе, бидејќи ако нема нафта рафинеријата ќе запре со работа. “

Минатата недела бугарското собрание изгласа закон за национализација со кој се отвора патот за превземање на подружницата на „Лукоил“ во земјата, бензинските пумпи и рафинеријата во Бургас која е најголема на балканот..Законот и овозможува на државата да назначи специјален администратор кој ќе може да носи одлуки за компаниите на „Лукоил“ во Бугарија, па дури и да ги продава нивните средства..И романскиот министер за енергетика откри дека државата расмислува да преземе контрола врз локалната подружница на рускиот Лукоил, за да го заштити национален енергетски систем и да се усогласи со санкциите на САД..Во Македонија се уште нема јасен одговор што ќе се случува со имотот на Лукоил кој вклучува 40 бензински пумпи и 10 резервоари за гориво…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ на седница на српската влада: Решение…

Србија пред голема одлука..Ќе успее ли навреме…

Како блокадата на ИПАРД 3 програмата ќе…

Колкава ќе биде штетата од скандалот со…

Расчистено свирепо убиство во Штип, со нож…

СВР Штип во соработка со Одделот за…

Њујорк Тајмс: Дијана Хрка – мајката што…

Откако бетонската надстрешница на железничката станица во…

Kaко за 34 години Албанија успеа да…

Пред 34 години кога Македонија станува независна…