Објавено на:

Вучиќ на средба со Лајчак: Побарав реакција и заштита на Србите во Косово

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак во Прага побарал конкретна реакција од ЕУ и нејзините земји-членки не само во осудата на последната акција од Приштина, туку исто така во спречувањето на ваквите потези и заштитата на Србите.


„Србија останува одговорен партнер на ЕУ во процесот на нормализирање на односите со Приштина, но ќе ги искористи сите достапни дипломатски средства за да не дозволи терор врз нејзиниот народ“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи по средбата со Лајчак.


Претседателот на Србија изјави дека имал отворен и искрен разговор со Лајчак, на кого му ја пренел својата крајна загриженост за последното насилство на Косово, постојаното кршење на правата и загрозувањето на безбедноста на српското население од арогантните приштински и незаконски потези.
Побарав конкретна и недвосмислена реакција од ЕУ и од земјите-членки – не само во осуда на ваквите потези, туку и во спречување и заштита на Србите“, напиша Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…

Не сме дел од никаква група за…

Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…

Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…

Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…

Молитва за жртвите во Кочани во храмот…

Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот…