Објавено на:

Вучиќ незадоволен од околината што ја спречи посетата на Лавров

t

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на средба со амбасадорот на Руската Федерација Александар Боцан-Харченко изрази незадоволство од околностите што го спречија доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави дописникот на МИА од Белград.

Амбасадорот Боцан-Харченко го информираше Вучиќ за причините за откажување на посетата на Лавров, дека тој бил спречен да дојде, бидејќи авионот на руската влада не ги добил потребните дозволи за летање на релација кон Белград, предавајќи соодветни документи за тоа.

Како што соопштија од прес-службата на српскиот претседател, Вучиќ „изразил незадоволство од околностите што го спречија доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Лавров“.

-Србија и покрај се ќе ја чува независноста и автономијата во политичките одлуки, ќе го продолжи европскиот пат со негување на традиционалните пријателски и партнерски односи со земјите на сите континенти и ќе ја зачува воената неутралност, се наведува во соопштението.

На состанокот беше речено дека наскоро се очекува да се одржи средба на шефовите на српската и руската дипломатија Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров.

Вучиќ и амбасадорот Боцан-Харченко разговараа и за бројни теми од билатералните односи меѓу Србија и Русија, при што беше истакната потребата од подетални разговори на сите нивоа. Вучиќ во текот на денот ќе ѝ ги објасни на српската јавност деталите поврзани со посетата на министерот Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…