Вучиќ неколку дена на мирување поради висок притисок
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ненадејно ја прекина посетата на САД поради нарушено здравје, веднаш по враќањето во Белград бил на итен преглед во Воено-медицинската академија. Лекарите констатирале дека здравствената состојба сега му е „стабилна и задоволителна“.
„За време на престојот во Америка почувствувал силна болка во градите, за која вели дека траела неколку секунди, иако луѓето во просторијата велат дека траела подолго“, изјави докторот Драган Динчиќ, кардиолог и началник на Управата за воено здравство.
Докторот Динчиќ, кој повеќе од десет години се грижи за здравјето на претседателот, изјави дека Вучиќ три пати досега имал слични тегоби, главно поврзани со претерано висок крвен притисок.
„Претседателот примил дополнителна интензивна терапија и по 45 минути, кога пристинале американски лекари, му измериле притисок од 165/98 милиметри живин столб. Тоа јасно говори дека крвниот притисок му бил многу повисок пред терапијата“, додава Динчиќ.
Докторот вели дека „не е реално да се очекува“ дека претседателот во следните неколку дена може да им се врати на своите редовни активности.
Вучиќ на 9 мај, петок, треба да учествува на парадата во Москва по повод 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…