Вучиќ: Нема дијалог додека е Курти на власт, а јас Косово не го признавам!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека една од темите на вечерашниот разговор во Париз ќе биде дијалогот меѓу Белград и Приштина, но оти не верува оти ќе има некаков напредок се додека Албин Курти е на чело на Косово.
„И нема голема филозофија, мислам дека сега им е јасно на сите на Запад, дека Курти воопшто не сака да формира Заедница на српски општини, дека не сака никаков напредок во дијалогот и дека се останато беа балкански трикови кои можат да функционираат еднаш или двапати, но секако не долгорочно“, рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање дали во Париз ќе се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Тој додаде дека за Белград е важно да го зачува мирот и животите на Србите во Косово.
„Не верувам дека ќе има некој сериозен напредок, особено не формирањето на ЗСО, додека Курти е на власт во Приштина. Да ги поставиме работите сосема јасно и чисто како што се“, рече претседателот.
На прашањето дали може да има средба со Курти, Вучиќ рече дека не планира таква средба и дека не би ни знаел што да разговара со него.
Тој посочи и дека е изненаден од средбата на претставникот на БиХ со Курти.
„Тој избра со кои претставници на Босна и Херцеговина ќе се сретне. Чудно е што го прифатија. Па тогаш се прашувам какви двојни стандарди, лицемерни пристапи за решавање на проблемите на просторот на поранешна Југославија, каде некаде го признаваш територијалниот интегритет и бараш да го почитува територијалниот интегритет, а од друга страна, тој што бараш да го почитува територијалниот интегритет, не го признаваш интегритетот на неговата земја. Но, ваљда добро е и ние да знаеме каде ние сме, да знаеме со кого си имаме работа“, рече Вучиќ.
Претседателот Александар Вучиќ повтори дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.
„Во времето кога беа на власт кои велеа дека ќе ја признаам таканаречената независност на Косово веднаш по изборите, Косово го признаа 85 земји, а откако јас сум претседател на Србија, признавањето е повлечено од 27 земји“, рече Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања во Париз за да коментира одредени обвинувања дека му се потребни избори за признавање на независноста на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…