Објавено на:

Вучиќ: Потребно е компромисно решение за Косово

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека за Косово е потребно компромисно решение и дека не може да има еднострано решение според кое Албанците добиваат сè, а Србите губат сè. Вучиќ во интервју за швајцарскиот весник „Велтвохе“ вели дека прашањето за Косово бара компромис и дека во преговарачкиот процес се доближиле до такво решение, но дека тоа не е постигнато бидејќи Приштина не ги исполнува своите обврски.

Вучиќ рече дека сега нема ни разговори, иако Белград е секогаш подготвен за дијалог.

„Потребно е компромисно решение и бевме блиску до такво решение. Не сакаа тоа да се постигне. Сега сме далеку од компромисно решение, не ни разговараме меѓу себе, иако сме подготвени да разговараме“, нагласи Вучиќ. Тој посочи дека Приштина не сака да формира ЗСО, што е обврска од првиот договор и дека ситуацијата е тешка, но дека Србија ќе направи се за да го зачува мирот, пренесува Танјуг.

„Не може да има еднострано решение во кое Албанците ќе добијат сè, а Србите ќе изгубат сè. Никој не е глуп во Србија. Знаеме колку е тешка ситуацијата, но затоа инсистираме на компромисно решение. Верувам во граѓаните на Србија, верувам во регионот“, рече Вучиќ. Тој посочи дека ни требаат отворени граници или дека немаме граници меѓу Србија, БиХ, Албанија, Северна Македонија, но дека, за жал, не сме ни блиску до тоа.

Тој посочи дека фокусот мора да биде ставен на економијата. Вучиќ истакна и дека српскиот народ е длабоко поврзан со Косово и Метохија и дека таа врска „не може да се прекине на начин како што сакаат луѓето од Западот“.

Претседателот Вучиќ додаде дека народот на Србија повеќе не може да ги поднесе двојните стандарди на Западот и, според него, „ова е нешто што може да се слушне на секој чекор, од сите во Белград“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…