Вучиќ по средбата со Лајчак и Ескобар: Приштина да ги исполни своите обврски
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се сретна со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД, Габриел Ескобар, рече дека сака да верува дека и оној дел од меѓународната заедница кој има најголемо влијание врз Приштина има механизми кои можат да доведат до конечна реализација на обврските кои Приштина ги прифати.
Реков дека е време Приштина конечно да ги исполни своите обврски, а пред се формирање на Заедницата на српските општини во согласност со Бриселскиот договор“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
Тој потсети дека Србија од првиот ден беше конструктивен, доследен и доверлив партнер во сите процеси кои ќе доведат до зачувување на стабилноста на целиот регион.
Тој објави и фотографии од средбата со двајца функционери во вилата „Мир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…