Вучиќ предложи недела да биде Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Црна Гора
Владата на Србија утре ќе одржи седница на која ќе одлучува за предлогот на претседателот на државата Александар Вучиќ недела, 5 јануари во Србија да биде прогласена за ден на жалост по повод трагедијата на Цетиње во Црна Гора.
Седницата на владата ќе биде одржана во сабота во 10 часот.
Во масовното убиство на Цетиње на 1 јануари беа убиени 12, а тешко ранети четири лица. Масовниот убиец Ацо Мартиновиќ изврши самоубиство.
Студентите и граѓаните во Србија денес повторно им оддаваат почит на убиените во црногорската престолнина.
Тие со тишина во траење од 29 минути, за 29 жртви, им оддадоа почит на настраданите во уривањето на стреата на железничката станица во Нови Сад, како и на убиените во Ариље и Цетиње.
Акцијата е одржана во Белград, Нови Сад, Краљево, Ниш, Александровац и Зрењанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…