Вучиќ: Протестите паѓаат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека „протестите паѓаат благодарение на нивните грешки, но поради тоа ќе им порасне нервозата, агресивноста и хистеријата“.
„Не смееме да направиме ниту една грешка, ниту конфликти и никаква интервенција. Ако сакаат да учат – нека учат, ако не – нема“, рече Вучиќ на седницата на Владата на која присуствуваше на покана на премиерот Милош Вучевиќ.
На членовите на Владата им порача да работат „смирено“ и додаде дека се исполнети сите барања на студентскиот протест.
Вучиќ тврди и дека првото претставување на „војводинската платформа“ се очекува околу 11 јануари, а целта е да и се одземе на Србија дел од јурисдикцијата со намера да се врати времето пред т.н. „револуцијата на јогуртот“.
„Околу 11 јануари ја очекуваме првата презентација на Војводинската платформа на која ќе учествуваат дел од студентите предводени од Мила Пајиќ под директна палка на Динко Грухоњиќ“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
(Видео) Продолжуваат масовните протести во Србија
Десетици илјади студенти денеска протестираат во Крагуевац,…