Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчa и ја смени темата

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера презентираше нов пакет економски мерки од Палатата на Србија за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Мерките, кои тој ги нарече „чудесни“, вклучуваат ограничување на маржите на најголемите малопродажни синџири за 3.000 производи и намалување на каматните стапки на готовинските и потрошувачките кредити.

„Дали знаете што се потрошувачки кредити? Кога ви треба кредит за огревно дрво, за зима итн. Малкумина користат потрошувачки кредити. Но, ние ќе ги намалиме потрошувачките кредити…“, рече Вучиќ, по што замолча седум секунди.

„Прво ќе зборувам за готовинските кредити бидејќи се подобри и поважни“, рече тој потоа, прекинувајќи ја тишината и менувајќи ја темата.

Ги опомена новинарите, покажа кошници со производи…

За време на конференцијата, Вучиќ ги опомена новинарите кои се смееја двапати. „Не ми пречи ако вие од медиумите на Шолак најдете нешто смешно, но ве молам да покажете елементарно почитување на местото каде што сте“, изјави тој.

Дополнително, тој им покажа на камерите кошнички со различни производи чии цени треба да бидат пониски.

„Ова се силни и значајни мерки што ќе ја зголемат вкупната потрошувачка и ќе значат повеќе за обичните, посиромашни луѓе“, истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера презентираше нов…

Мерц посочи дека никој не треба да…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето…

Надлежните ресори во Министерството за одбрана да…

Надлежните ресори во Министерството за одбрана да…

Вадефул: Се плашам дека Русија само купува…

Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска,…

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ…