Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва по масовното пукање во Москва упати сочувство до граѓаните на Русија и раководството на таа земја. Тој најави дека безбедносните служби ќе ја интензивираат работата поради овој напад и дека „особено ќе ги обезбедуваат стадионите и трговските центри“.
Претседателот Вучиќ изјави дека „има неколку причини“ зошто седницата на Советот за национална безбедност е свикана за утре, а во таа прилика додаде дека нападот во Москва „не е единствената причина за оваа седница“.
„Важно е сите да преземеме акција и нашата БИА да е подготвена. Важно е да се зајакне работата на нашите служби, особено да се обезбедат нашите стадиони и трговски центри“, изјави Вучиќ за ТВ Прва и додаде дека „неопходно е да се заштити нашето население“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…
Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…