Вучиќ: Србија ќе продолжи уште поинтензивно да го следи европскиот пат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со пратеничката во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, со која разговараше за економската состојба, европската интеграција на Србија, проблемите во дијалогот со Приштина, како и за регионалната ситуација и иницијативите за поврзување на Западен Балкан.
Вучиќ посочи дека Србија ќе продолжи уште поинтензивно да го следи европскиот пат и нагласи дека Србија сериозно и одговорно пристапува кон регионалната политика и затоа е препознаена како доверлив и одговорен партнер во регионот.
Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Вучиќ истакна дека разговорот е единствениот правилен начин за решавање на отворените прашања, како и за постигнување одржлив договор.
Тој посочи дека очекува конструктивна поддршка за дијалог и изнаоѓање компромисно решение, со примена на постоечките договори, а пред се формирање на Заедница на српски општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…