Вучиќ: Странска служба побара да им го предадеме малолетниот убиец ден подоцна
Српскиот претседател Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Пинк говорејќи за масакрот во Цетиње се осврна и на масовнoто убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.
,,Јас сум против теориите на заговор, но чудни работи се случуваа поврзани со Рибникар. Тоа привлече големо внимание кај странците, вклучително и во врска со односот кон убиецот (К.К.). Во мојата канцеларија побараа да им го дадеме Коста К“, рече претседателот и продолжи:
„Тоа не ми е доволен доказ (дека странски служби се вмешани во масовното убиство), но велам – тоа се случи точно ден потоа. ‘Не можете да се грижите за тоа дете. Мора да има некаков живот, дајте ни го’. Одбив, бидејќи знам каква неправда ќе биде тоа за семејствата на убиените деца. Директно претставник на странска земја и една странска служба го побараа тоа од мене“, рече Вучиќ.
Претседателот посочи дека трагедии се случуваат и секогаш ќе се случуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…