Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција

Спрскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека е готово со протестите, за кои смета дека се платени однадвор. Кажа дека ќе издаде книга „Како ја победив шарената револуција“. Протестите на студентите по повод трагедијата на железничката станица во Нови Сад ги нарече „највалканата шарена револуција во човештвото“.
Тој им порача на студентите да се вратат во клупите, и да се фатат за книга намето за ѕвончиња и знамиња.
„Слушајте го вашиот претседател, имам уште една и пол година, не повеќе од тоа, прогласете победа, ви се исполнети сите барања, вратете се во вашите клупи. Тогаш ќе направите најмногу за вашите родители, вашата земја, но и за себе и за вашите идни семејства. На оваа земја и треба знаење, а знаење без учење и работа не може. Книги деца, а не ѕвончиња и знамиња – рече Вучиќ.
Тој повика на дијалог, и кажа дека нивните лидери, вклучително и универзитетските професори „знаат дека е готово“, односно дека ќ се вратат на разговорите затоа што секогаш биле за тоа.
„Да се обложиме дека ќе го направат тоа? Готово е. Претежно протестираат најбогатите. Основната структура на секоја револуција е да генерираат незадоволство. Ние барем кажуваме кои им ги плаќа сендцичите, а тие не кажуваат кои им ги плаќа јагнињата, прасињата, автобусите. Некој од навдор, се работи за голема супа на пари. Самите се пофалија дека вложиле 3,1 милијарда за мое рушење, и веќе загубија“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција
Спрскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека е…
Политико: Дали е ова крај за НАТО?
Додека се собраа на самитот, европските официјални…
(Видео) Како се апсеше штипски дилер во…
МВР информира за апсење на штипски дилер.…
Маж нападнат на кејот на Вардар –…
Обвинителството отвори истрага против 26-годишник за разбојништво…
Пристигнува првиот чартер лет на „Freebird Airlines“…
Заменик претседателот на Владата и министер за…