Вучиќ: Ѓоковиќ може со крената глава да се врати во Србија

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше одлуката на австралиските власти за депортација на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, во пресрет на претстојниот грен слем Австралијан Опен.

Вучиќ рече дека веднаш по одлуката на Федералниот суд разговарал со Ѓоковиќ и ги обвини австралиските власти дека го мачеле тенисерот, а истакна дека Новак може со крената глава да се врати во Србија.

„Веднаш по одлуката разговарав со него. Едвај чекам да го видам во Србија, тој може со крената глава да се врати дома. Оние кои мислат дека спровеле некои принципи покажаа дека немаат принципи. Малтертираа еден тенисер 10 дена за да му ја изречат одлуката за која знаеја каква ќе биде уште од првиот ден. ова беше како лов на вештерки. Видовте од нивните бесмислени докази колку лажат, колку лаже обвинителот“,
изјави српскиот претседател.

Неколку дена пред судењето, Вучиќ упати остро обраќање до австралиските власти, но истакна дека кога австралиските спортисти во Србија ќе пристигнат во март на атлетското првенство, тогаш тие ќе се однесуваат „многу подобро од тамошните власти за да покажат дека се подобри домаќини од нив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…