Вучиќ ја прозва СПС за протестите против литиумот – Дачиќ: Не правиме ништо против претседателот
Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека партијата не учествува, ниту ќе учествува додека е тој на чело на партијата, во какви било активности или операции против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и актуелната власт, затоа што со тоа би работеле против себе и заедничките цели. Вучиќ претходно изјави дека на некои од протестите за литиум учествувале и претставници на СПС.
-Напротив, нашиот сојуз е најсилниот бедем за одбрана на Србија и нејзините национални и државни интереси. И затоа нашиот заеднички коалициски настап на локалните избори беше од витално значење, нагласи Дачиќ, а соопштија од СПС, пренесува Нова.рс.
Тој наведе дека ниту еден поединец нема право да постапува поинаку во име на СПС и додаде дека секое поинакво однесување ќе биде санкционирано.
-Во конкретниот случај во Мали Зворник, нашиот општински одбор не учествувал во никакви активности, туку се работи за човек кој не е член на СПС или на раководството, а бил на нашата листа на локалните избори како група на граѓани, и истиот ќе биде исклучен од нашите одборнички групи. Така ќе биде секаде и секогаш кога некој ќе постапи спротивно на моите ставови и политиката на СПС, рече Дачиќ.
Тој реагираше на изјавата на претседателот Александар Вучиќ кој изјави дека на некои протести против ископувањето литиум биле присутни и претставници на СПС.
Вчера медиумите објавија дека „во Мали Зворник во тек е акција под кодното име „Падот на ѕидот“ чија цел е соборување на претседателот на Србија Александар Вучиќ и дека „во тоа учествува врвот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), и сите странски структури со единствена цел – да го соборат Вучиќ“, а дека тоа се одвива во близина на градинката „Црвенкапа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ватикан: Што значи Светата година 2025?
Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…
СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…
ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…
Jа клоцал, ја влечел за коса па…
Полицијата во Земун го уапси С. Н.…
Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…
„Росавијација“ ја објави причината за падот на…
Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската…