Објавено на:

Вучиќ се пофали со новата руска пратка на оружје

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пофали со новата пратка оружје од Русија и покрај стравувањата на Балканот дека новото наоружување на земјата може да доведе до поголеми тензии во регионот. Во касарната во Панчево за првпат беше прикажан рускиот противоклопен ракетен систем „Корнет“, кој Србија го купи од Русија во 2021 година, две години откако највисоките српски функционери најавија дека ќе прекинат со купување воено оружје.

„Корнет“ од Русија пристигна во Србија на крајот на декември минатата година, додека купувањето беше договорено еден месец порано, на средбата на Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 25 ноември.

Набавката на новото руско оружје дојде во време кога сите очи беа вперени во официјална Москва и тензиите на границата со Украина, но и по неколкуте предупредувања од Западот поради воената соработка на Србија со Русија.

Вучиќ за време на презентацијата на оружјето и можностите на 72-та специјална бригада на војската на Србија најави дополнителни набавки на оружје и воена опрема.

„Што се однесува до опремата, ќе гледаме да ја подобруваме од месец во месец, од година во година, а вие гледате дека може да бидете во чекор со најдобрите специјалци ширум светот“, рече Вучиќ во своето обраќање кон членовите на специјалната бригада.

Тој додаде дека противтенковскиот систем е одбранбена алатка за одвраќање на сите од потенцијална агресија врз земјата. Во своето обраќање пред новинарите пак додаде дека Србија е посветена на членството во ЕУ, но дека ќе продолжи да ги подобрува односите со Русија и Кина.

„Србија е на европскиот пат, има многу добри односи со своите пријатели, и Русија, Кина и Индија и ќе продолжи да го чува своето наследство“, рече Вучиќ.

Поради зајакнувањето на соработката со Русија и Кина, официјален Брисел и Вашингтон постојано ја критикуваа Србија, повикувајќи ја да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со европскиот блок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…