Вчеравечер реализирани 12 редовни летови од Дубаи: 200 патници се вратија во Белград, а стотици и до Будимпешта, Варшава, Прага, Милано…

t

Патниците кои од Дубаи пристигнаа во Белград не биле евакуирани со организација на Владата, туку патувале со редовен лет на компанијата „Флај Дубаи“, за кој имале претходно купени билети. Според информациите, тие биле контактирани од авиокомпанијата дека летот ќе се реализира, по што околу 200 патници се вратиле во Србија.

Летот бил реализиран по три последователни одложувања. Првично требало да полета во саботата, на денот кога започнаа воените дејствија меѓу САД, Израел и Иран, но бил презакажан во уште два термини без да се реализира. По дополнителни безбедносни проценки на компанијата „Емиратс“ и надлежните власти во Обединетите Арапски Емирати, било одлучено летот да се изврши синоќа.

Пред реализацијата на летот за Белград, од аеродромот во Дубаи полетале и авиони кон Варшава, Ријад, Адис Абеба, Мумбаи, Рига, Лахоре, Прага, Будимпешта, Милано, Коломбо и Баку.

Во текот на вчерашниот ден, пред полетувањето кон Белград, биле одложени 65 редовни летови. Прелетот на авионот од типот „Боинг 737 Макс 8“ во живо го следеле околу 40.000 лица преку интернет-страница која во реално време го прикажува движењето на леталата. Авионот слетал на белградскиот аеродром утринава во 06:17 часот.

Авиокомпаниите преку соопштенија ги известиле патниците да не доаѓаат на аеродром доколку претходно не бидат директно контактирани.

„Приоритет имаат патниците со претходни резервации, а оние кои биле прераспоредени на ограничени летови ќе бидат индивидуално известени од „Емиратс“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчеравечер реализирани 12 редовни летови од Дубаи:…

Патниците кои од Дубаи пристигнаа во Белград…

Четири изгубени животи за два месеци –…

Националната мрежа против насилство врз жените и…

Таткото кој го малтретираше своето семејство оди…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на…

Мерц: Иранската војна им штети на економиите,…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази поддршка за…

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу…

Силни експлозии се слушаат низ градовите Доха,…